НБ: Постепено закрепнување на економијата и поумерено влијанието на кризата во третиот квартал

Од:

Влијанието на зравствената криза врз економската активност во третиот квартал е поумерено, покажуваат податоците со кои располага Народната банка, кои упатуваат и на постепено закрепнување на економијата.

-Согласно со објавените проценети податоци за БДП, во првата половина од 2020 година реалниот БДП се намали за 6,4 отсто на годишна основа, што е сепак малку послабо остварување во однос на априлските проекции, поради отстапувањето за првиот квартал. Во однос на економската активност во третиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот јули-август 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни. Имено, во услови на постепено олабавување на рестриктивните мерки против Ковид-19 и преземените мерки за поддршка на економијата, податоците за овој период покажуваат значително забавување на годишниот пад на индустријата, градежништвото, прометот во угостителството, а делумно и кај прометот во вкупната трговија, наведуваат од Народната банка.

Во однос на промените кај потрошувачките цени, остварувањето во септември 2020 година со годишна стапка на инфлација од 1,9 отсто е повисоко во однос на априлската проекција

Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона. Од Народната банка наведуваат дека во текот на третиот квартал на 2020 година, главните фактори на промена на девизните резерви (приспособени за ценовните и курсните разлики и ценовните промени на хартиите од вредност) беа редовната отплата на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка. Во почетокот на октомври 2020 година е остварен прилив на сметката на државата од околу 80 милиони евра, во вид на заем во рамките на макрофинансиската помош од Европската комисија.

Податоците за менувачкиот пазар заклучно со септември упатуваат на пониски остварувања кај приватните трансфери во однос на проектираните за третиот квартал. Истовремено, податоците за надворешнотрговската размена заклучно со август упатуваат на можност за остварување трговски дефицит главно во согласност со очекуваниот според априлската проекција.

Според финалните податоци за август кај вкупните депозити има месечен пад од 1,1 отсто, наспроти растот во претходниот месец (0,3%), додека кај кредитите на приватниот сектор во август забележаа месечен пад од 1,4 отсто наспроти растот во претходниот месец од 0,7 отсто.

Податоците на Народната банка покажуваат дека во Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари-август е остварен дефицит од 34.914 милиони денари и дека буџетскиот дефицит во најголем дел е финансиран преку користење странски заеми, при што дел од приливите се задржани како депозити на државата кај Народната банка. Воедно, додаваат, во овој период, државата дополнително се задолжи на домашниот пазар на државни хартии од вредност и кај домашните банки.

Остварениот буџетски дефицит за првите е осум месеци од годината претставува 61,7 отсто од дефицитот предвиден со октомврискиот ребаланс на Буџетот за 2020 година, којшто е во собраниска процедура.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски