Наумовски: Рускиот гас ќе биде важен потег и за сливното подрачје на Охридското езеро

Од:

По повод потпишување на Договорот меѓу Русија и Македонија за приклучување на нашата земја на јужниот тек од рускиот гасовод можам да кажам дека Гасификацијата за Македонија ќе претставува многу важен милениумски потег за сливното подрачје на Охридското Езеро вели Лазо Наумовски екологист од Охрид и агроном инжињер.

„Тоа ќе биде во интерес на сочувувањето на економските потенцијали на сливното подрачје на Охридското Езеро:водена маса на езерото од 58 км3 вода, езерска обала од преку 50 км за развој на езерски туризам, шумски зелени појаси од над 60 000 ха кои се во интерес за развој на алтернативниот туризам и сочувувањето на водените ресурси од сливното подрачје во една стабилна положба и задоволителна еколошка состојба,обработлива земјоделска површина од преку 15 000 ха за производство на еколошки здрава храна, што е во интерес на развој на езерскиот и алтернативниот туризам“, вели Наумовски.

Според Наумовски неминовно е Владата на Република Македонија и локалните власти на Охрид и Дебарца уште од сега да работат на проектот за економски и еколошки развој на сливното подрачје на Охридското Езеро.

„Пристигнувањето на рускиот гас во Р. Македонија само да овозможи побрза реализација на бизнис планот од тој проект, а за Македонија побрз економски, стопански, социјален и еколошки развој“, додава Наумовски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

Божиновска: Целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on