НАТО го регистрира БРАКО како потенцијален снабдувач, велешката фабрика ќе се обиде да и продаде македонски производи на Алијансата

Од:

НАТО ја регистрира велешката фабрика БРАКО како потенцијален снабдувач за своите потреби и македонската фабрика во следниот период ќе се обиде да му продаде македонски производи на воениот сојуз.

Сите производи и услуги НАТО ги набавува од компании од неговите земји членки, а македонското стопанство досега немаше никакви придобивки од влегувањето на земјава во НАТО. БРАКО се надева дека ќе биде прва македонска фирма која ќе успее да добие тендер за снабдување на НАТО војската.

БРАКО, за војниците и базите на НАТО, ќе понуди контејнерски системи за кампови и полски болници, медицинска опрема, возила за чистење на воените бази, приколки за транспорт и различни видови на безбедносна жица.

Северна Македонија не може да конкурира во светската воената индустрија на оружје, но секако може да биде испорачател на текстилни производи, униформи, храна, кондиторски производи, како и производи од металопреработувачката индустрија по примерот на БРАКО.

Тоа е начинот како, покрај безбедноста што ја доби со членството во НАТО, Македонија да има и економска придобивка од тоа, која ја заслужува по компромисите кои беа направени за зачленувањето.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

А1он

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Горан Наумовски

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на БРАКО

А1он

БРАКО на Aнанас: Медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

А1он