Народната банка на Србија купила над два тони злато

Од:

Србија ги зголеми количините на злато во девизни резерви од 14,9 на 17,2 тони во изминатите две години. Народната Банката на Србија (НБС) изминатите години не продавала злато од девизните резерви, туку го зголемувала, пишува српскиот весник „Блиц“.

– Од избивањето на финансиската криза имаме изразен т.н. „save haven“ ефект на златото (сигурно засолниште за вложување), така што кај централните банки имавме тренд на раст на учеството на овој благороден метал, изјави Давид Малиш, директор на Одделението за управување со девизни резерви на НБС.

Тој нагласи дека златото во девизни резерви служи како заштита од инфлација на долг рок, овозможува намалување на ризикот  за девизните резерви, но е и гаранција за доверба во централните банки, особено во време не несигурност.

Во регионот, според извештајот на Светскиот совет за злато за 2014 година, Србија е на трето место со најголеми резерви на злато. На прво место е Грција, која во резерва има 112 тони златни прачки, а на второ е Бугарија со 40 тони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски