Народната банка ќе организира обука за обучувачи од областа на финансиската едукација

Од:

Народната банка првпат ќе одржи обука за обучувачи, кои ќе се ангажираат околу едуцирање на населението за прашања од доменот на финансиите што ги засегаат сите граѓани како активни учесници во финансиските текови. Се очекува, дека на ваков начин ќе се прошири мрежата на финансиската едукација во нашата земја и ќе се зајакнат ефектите од ширењето на знаењата од оваа област, што би придонело за поголема финансиска вклученост и носење издржани финансиски одлуки од страна на населението.

-За таа цел, Народната банка склучи меморандум за соработка со здружението на граѓани за поттикнување општествен развој „Глобал шејперс Скопје хаб“, коешто е дел од меѓународната мрежа „Глобал шејперс“. По искажаниот интерес од „Глобал шејперс Скопје хаб“ преку организација на настани – предавања, односно презентации и отворени дискусии, за давање придонес во финансиската едукација на пошироката јавност, особено на младата популација во земјата, со меморандумот е предвидено тимот на Народната банка да даде експертска помош, преку обука за членовите на здружението коишто ќе ги спроведуваат активностите. Исто така, Народната банка ќе обезбеди и едукативни материјали од областа на финансиската едукација. Планирано е предавањата на „Глобал шејперс Скопје хаб“ наменети за пошироката јавност, особено за младата популација, да се одржат до средината на следната година, на волонтерска основа, се вели во соопштението од Народната банка.

Развивањето на соработката меѓу финансиските регулатори и граѓанските организации во сферата на финансиската едукација, потенцираат од Народната банка, е од исклучително значење за постигнување уште повидливи резултати со поголема достапност на знаењата до поголем дел од населението. Како што информираат од Народната банка оваа година започнале соработка и со други граѓански организации коишто искажаа подготвеност и желба да се вклучат во спроведување активности за унапредување на финансиската писменост и поттикнување на финансиската инклузија.

Би можело да ве интересира

НБ објави Анализа за меѓународната инвестициска позиција на македонската економија и на земјите од регионот

Ана Ололовска

Амбасадорот Силвестри: Важно е одржување на независноста на централната банка, како темелна институција за одржување на макроекономската и финансиската стабилност

Ана Ололовска

Гувернерката на форум на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи НБ да одговори навремено и смело на пандемијата

Ана Ололовска

Народна банка: Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови

Ана Ололовска

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Ана Ололовска

Народна банка за првпат објави податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија

Ана Ололовска