Народната банка го објави традиционалниот Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.
Темите оваа година ќе бидат „Штедењето – мудра одлука за подобра иднина“ за литературна или ликовна творба за учениците од основното образование и „Штедењето и управувањето со личните финансии во современото дигитално време“- за литературна творба – есеј за учениците од средното образование
Крајниот рок за доставување на творбите е 22 октомври 2021 година.
За најдобрите творби ќе бидат доделени вкупно 15 награди, во неколку категории според возраста на учениците.
Повеќе информации за конкурсот можат да се најдат на линкот: https://bit.ly/Konkurs_Den_na_