„Напредни лозари” бара двојно повисоки субвенции за винско грозје

Од:

Здружението „Напредни лозари” денеска јавно побара двојно да се зголемат субвенциите за одгледување винско лозје по хектар.

– Оваа година Тиквешкиот регион го зафати суша каква не се памти многу одамна. Лозовите насади претрпеа големи штети. Сушата ги погоди и лозјата кои се под системи за наводнување. Тиквешкиот регион е скоро цел со лозови насади и вода за наводнување не може да се обезбеди во огромни количини, велат од здружението.

Информираат и дека поради сушата, родот некаде е целосно уништен, а некаде е десеткуван.

-Згора на тоа, винариите организирано настапуваат и тоа што остана од родот сакаат да го земат што е можно за пониски цени. Винариите оваа година знаат дека грозјето кое останало од сушата е со повисока шеќерност, тие сега ги условуваат лозарите и бараат многу повисока шеќерност за помали цени, иако нема доволно винско грозје. „Вранецот” одамна ја има надминато технолошката зрелост за берба, сред берба винариите ја зголемуваат минималната шеќерност и го враќаат грозјето кое е под 21 шеќерна единица, а за дадат белешка за берба бараат минимум 23 шеќерни единици. Тоа се апсурди, кога се знае дека „вранец” во технолошката зрелост нормално има 18-19 шеќерни единици, а „смедеревка” 16-17 шеќерни единици. Винариите овие денови го прекинаа откупот и чекаат Владата да субвенционира како минатата година и тие ако може да го земат грозјето по многу пониски цени, нагласија од „Напредни лозари”.

Овој застој, според нив, најмалку им одговара на лозарите.

– На ова топло време грозјето секојдневно губи многу, а се очекуваат и врнежи па преостанатото грозје ќе остане на нивите. Се надеваме дека ќе бидат удоволени нашите барања за доброто на лозарите, сите граѓани на Тиквешкиот регион и државата. Секоја друга опција, штрајкови, копачења на лозјата, ќе бидат штетни за сите, децидни се од здружението на лозарите.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за лозарите

Ана Ололовска

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Ковачевски: Постигнато историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30%, земјоделството е приоритет во време на криза

Ана Ололовска

Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

Ана Ололовска

Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето

Ана Ололовска