Намалени трошоците на живот и цените на мало

Од:

Трошоците на животот во февруари 2016 година, во однос на претходниот месец, бележат пад од 0,1 процент, а цените на мало од 0,6 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со февруари 2015 година, се непроменети, а цените на мало бележат намалување од 0,4 отсто.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во февруари 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите пекарски производи и јајцата за 1,4 отсто, оризот и лебот за 0,9 отсто, маслото и маснотиите за 0,8 отсто, алкохолните пијалаци за 0,6 отсто, месото и сушениот и преработениот зеленчук за 0,5 отсто, брашното и другите житарици и другите млечни производи за 0,3 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,8 отсто, авионскиот превоз на патници за 9,8 отсто, течните горива и мазива за 6,4 отсто, гасот за домаќинствата за 4,7 отсто, телефонската и телефакс-опремата за 4,4 отсто, предметите за лична хигиена и здравје за 1,3 отсто, услугите за лична хигиена за 1,2 отсто, поправките на обувки, малите електрични апарати за домаќинствата
и одржувањето и поправките на автомобилите за 0,4 осто, обувките за 0,3 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, накитот и часовниците за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирот, за 4,9 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, рибата и морските плодови и свежото и разладеното овошје за 1,1 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 отсто и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 13,2 отсто, информатичката опрема за 2,2 отсто, средствата за чистење и одржување на домаќинството за 1,7 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 1,3 отсто, текстилот за домаќинствата за 0,3 отсто, малите алатки и останатите додатоци за
домаќинствата, другите медицински производи, терапевтските апарати и опрема за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он