Намалени трошоците на живот и цените на мало

Од:

Трошоците на животот во јуни годинава се намалени за 0,2, а цените на мало за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво намалувањето на трошоците на живот изнесува 1,1, а на цените на мало 1,4 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на трошоците на животот во јуни е резултат на пониските цени на свежиот зеленчук за 5,5 отсто, свежото млеко за 1,3, мастите за 1, сувото овошје за 0,9, киселото млеко за 0,7, конзервираните месни производи за 0,5, житото за 0,4, сувомеснатите производи за 0,3, и полутрајните колбасичарски производи и конзервираниот зеленчук за 0,2 отсто.

Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 3,8 проценти, пакет-туристичките аранжмани за 3,1, телефонските и факс-апарати и услуги за 2,1, информатичката опрема за 1,6, апаратите за домаќинствата за 0,8, гасот за домаќинствата за 0,5, обувките за 0,4, средствата за чистење и одржување на станот за 0,3 и други услуги, неспомнати на други места за 0,2 проценти.

Пораст на цените, е забележан кај јајцата и алкохолните пијалаци за 0,9 отсто, свежото овошје за 0,8, трајните колбасичарски производи, преработките од млеко и замрзнатиот зеленчук за 0,5 и рибата за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан кај лековите за 2,4 проценти, течните горива за домаќинствата за 1,6, услугите за сместување за 0,9, течните горива и мазива за домаќинствата за 0,8, облеката за 0,4, материјалите за одржување и поправки на станот за 0,3% и пијалаците во рестораните и хотелите и средствата за лична хигиена за 0,2 процента.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он