Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 216.6 милиони евра и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 126.5 милиони евра, што е за 0.6 % помалку во споредба со 2023 година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024, изнесува 2 909.9 милиони евра,а покриеноста на увозот со извоз е 71.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Би можело да ве интересира

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on