Намален бројот на туристи во март

Од:

Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на туристи во март изнесувал 43.033 и бележи намалување за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани.

Според објавените податоци, намалување има и кај бројот на ноќевања за 3,2 проценти кои во овој период изнесувале 91 532.

Бројот на домашни туристи во однос на март минатата година е намален за 4,3 проценти, а бројот на странски туристи за 3,1 процент. Ноќевањата на домашните туристи се намалени за 11,6 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,2 проценти.

Во периодот јануари – март е забележано зголемување на бројот на туристи за 6,9 проценти и тоа кај домашните туристи за 6,8 проценти, а кај странските за 6,9 проценти. Во овој период има зголемување и кај бројот на ноќевањата за 5,6 проценти и тоа кај странските туристи за 11,3 проценти, додека кај домашните туристи има намалување за 1,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ