Бројот на работниците во индустријата во декември минатата година, во однос на истиот месец од 2011. е намален за 1,3 проценти. Во периодот јануари-декември 2012 споредено со 2011. бројот на работниците во индустријата се намалил за 2,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот рударство и вадење камен во декември 2012 година, во однос на декември 2011, бројот на работниците бележи пораст од 8,8 проценти, во преработувачката индустрија опаѓање од 2,8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3,7 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 проценти, капитални производи за 7,3 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 8,9 проценти и нетрајни производи за широка
потрошувачка за 2 проценти, додека кај енергија бележи пораст од 10 проценти.