Најголемите медиумски куќи и тур-оператори од Хрватска во тридневна посета на земјава

Од:

Десет медиумски куќи, 10 тур-оператори и седум претставици на Кроациа Ерлајнс, во наредните три дена ќе бидат на информативно патување низ државава, период во кој ќе снимаат репортажи на повеќе туристички локации и ќе се остварат бизнис средби со македонскиот приватен туристички сектор и да се запознаат со македонската туристичка понуда.

-За време на нивниот престој од три дена, предвидена е посета на Скопје, старата скопска чаршија со сите нејзини карактеристични обележја, скопската тврдина Кале, Кањон Матка, спомен куќата на Мајка Тереза, манастирот Св.Јован Бигорски, Охрид со неговото културно и природно богатство и други останати уникатни знаменитости, атрактивни за хрватскиот туристички пазар. РТЛ, Вечерњи лист, Јутарњи лист, Пословни дневник, Т портал, Национал, Хина, Н1 и Глориа Ин, покрај Скопје, Охрид, Крушево, Битола и Тиквешијата, преку својот објектив ќе се обидат на хрватскиот пазар да ја претстават културата, историјата, традицијата, храната и македонското гостопримство, се вели во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Зголемениот интерес за нашата земја, велат од Агенцијата, и полните летови на релација Загреб-Скопје, како и медиумската кампања и целокупната промоција на домашниот туристички потенцијал во Хрватска на кој работи во изминатиот период, се силни показатели за веќе созреаните услови и отпочнување на сериозни преговори за нова авионска линија Загреб – Охрид во 2020 година.

Од друга страна, хрватските тур-оператори Уликс, Глобтоур, Етоурс, Обзор, Атлас, Марине Ер, Авио Клуб Травел, Лила, Унилајн и Бантел, на бизнис средби во Скопје и Охрид, ќе ги оценуваат потенцијалите за отпочнување соработка со голем број на македонски тур-оператори.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е организатор на ова информативно патувањекое ја помага промоцијата на нашата земја со цел зголемување на бројот на туристи од Хрватска, со која државава беше во улога напартнер-земја на интернационалниот саем за туризам во Загреб, Хрватска.

Како што велат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со воспоставување нови авионски линии од Хрватска сеочекува да допатуваат зголемен број на хрватски туристи, кои ќе го задржат и дополнително покачат бројот на ноќевања (пораст во 2018,за разлика од 2017 година од 56 отсто), но и на бројот на туристи од овој пазар кој во 2018 година бележеше покачување од 53 отсто за разлика од 2017

Ова информативно патување се реализира во соработка со Министерство за економија и Кроациа Ерлајнс.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ