Најголем дел од охридските хотели се половично исполнети за новогодишните празници

Од:

Најголем дел од охридските хотели се половично исполнети за новогодишните празници. Филип Мишевски менаџер во Хотелскиот компелкс Метролол и Белви за А1 рече дека исполнетоста на комплексот им е 70%.

Работи само хотелот Белви,каде речиси сите соби се исполнети со гости од соседството, додека хотелот Метропол за празниците нема да работи.

Од Хотелот Гранит велат дека најголем дел од гостите се Срби и Бугари. Исполнетоска на хотелот е 60% рече за А1 Перо Кутаноски менаџер на Гранит.

Хотелиерите велат дека како се надевале дека ќе биде, сепак добро поминале, бидејки во последен момент ги добиле резервациите од гостите кои во наредните неколку дена ќе престојуваат во Охрид, за разлика од минатата година кога резервациите биле направени уште на почетокот на декември.

Дочек ќе има и на градскиот плоштад, каде присутните ќе ги забавуваат Ристо Самарџиев, Ѓоко Таневски, и групите Камелеон и Аренси Бенд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on