Цената на сировата нафта денеска нарасна откако трговците го искористија минатонеделниот пад на цените, додека инвеститорите ги чекааат новите економски податоци од Кина, наведуваат аналитичарите, пренесува Танјуг.
Американската „лесна“ нафта, за испорака во текот на следниот месец, на Стоковата берза во Њујорк поскапе за 50 центи, на 88,51 долари за барел, пренесуват француските меидуми.
На берзата во Лондон, истовремено, северноморската „брент“ нафта поскапе за 44 центи, на 100,09 долари за барел, повторно надминувајќи ја границата од 100 долари, што беше пробиена на почетокот на минатата недела по соопштувањето на полошите показатели од очекуваните за растот на кинеската економија во првиот квартал.
Цената на нафтата минатата недела опадна заради слабите економски показатели од Кина, а „брент“ нафтата во еден момент се спушти на деветмесечниот минимум заради пазарните шпекулации дека ОПЕК планира да го намали производството.