Нафтата поскапа поради Сирија

Од:

Цената на нафтата од денес е повисока, поради подготвувањето на западните сили за воена акција во Сирија, чиј режим е обвинет за употреба на хемиско оружје.

Аналитичарите наведуваат дека воена акција против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад дополнително ќе создаде тензија за „црното злато“ на Блискиот исток, кој веќе е погоден од политичката криза во Египет.

Ценета на нафта на Меркантилната берза за октомври во Њујорк порасна за 2,95 долари на 111,96 долари по барел, а истата количина на северноморската нафта „брент“ во Лондон чинеше 117,17 долари односно 2,81 долар повеќе отколку на крајот на претходното работење.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол