Нафтата поевтинила поради ситуацијата на Кипар

Од:

Сировата нафта утрово поевтинила поради загриженоста на инвеститорите околу можниот неуспех на планот за плаќање на пакетот за помош на Кипар кој воведува даноци на депозити во кипарските банки.

Нафтата за ориентациона испорака во април, во електронското тргување на берзата во Њујорк, ослабела за 97 центи на 92,48 долари за еден барел.

Европската марка “брент“, која се користи за одредување на цените на различните видови на нафта, поевтинила за 1,33 долари на 108,52 долари за барел.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски