Цената на нафтата денеска забележа пад поради загриженоста околу побарувачката во САД, откако тамошните податоци укажуваа на растот на резервите на енергенсот, наведуваат аналитичарите.
Нафтата за терминална испорака во мај во електронското тргување на Њујоршката берза поевтини за 23 центи на 94,41 долар за барел.
Европскиот „брент“, кој се користи за одредување на цените на различни типови странска нафта, се намали за 22 центи на 105,57 долари за барел.
– Цените се нешто пониски имајќи предвид дека трговците сфатиле дека резервите се речиси на рекордно ниво, изјави аналитичарот на фирмата Фет Профестс од Сиднеј, Дејвид Ленокс.
Податоците во САД покажаа дека резервите во таа земја се зголемиле за 250 илјади барели во период од една недела заклучно со 5 април, така што вкупните резерви сега изнесуваат 388,9 милиони барели, нешто под рекордните 391,9 милиони, забележани во јули 1990 година.