Нафтата поевтина по непроменливото ниво на производство на ОПЕК

Од:

Цените на суровата нафта денеска беа во пад, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПК) го задржа нивото на производство на нафтата на постоечкото од 30 милиони барели дневно, во време кога слабоста на глобалото стопанство ја кочи побарувачката на нафта.

Американската лесна нафта за терминална испорака во јули на Њујоршката берза се намали за 29 центи на 91,68 долари за барел.

Барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон поевтини за 29 центи, на 100,10 долари.

– Очигледно дека соопштението на ОПЕК негативно влијаеше на цената на енергеност, а се очекува дека повеќе ќе ја собори цената на брентот, отколку на американската нафта, поради обилните резерви во САД, изјави трговецот во фирмата ЦМЦ маркетс, Џејсон Хјуз.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот