Нафтата над 84 долари поради заострувањето на санкциите против Иран

Од:

Суровата нафта поскапе над 84 долари за барел, имајќи предвид дека заострувањето на санкциите против Иран претставува закана за испораката на резервите на нафта во период на солидна побарувачка и покрај должничката криза во Европа.

Цената на американската лесна нафта за терминална испорака во август на Њујоршката стокова берза се зголеми за 66 центи на 84,41 долар за барел.

Европскиот брент на Меѓународната берза за нафта во Лондон поскапе за 87 центи, на 98,21 долар за барел.

Нафтата минатата недела потона на 77 од 106 долари, колку што чинеше пред два месеци, поради очекувањата дека успорувањето на стопанскиот раст во САД, Европа и Кина ќе доведе до пад на потрошувачката на тој енергенс.

Некои аналитичари меѓутоа сметаат дека инвеститорите се премногу песимистички настроени во однос на глобалната економија, како и дека надвор од Европа побарувачката на црното злато за сега е стабилна.

– Иако падот на цената на нафтата од мај и јуни беше поттикнат со стравувањата во врска со светската побарувачка на нафта, се уште не сме виделе колапс на побарувачката, се наведува во извештајот на банката „Голдман сакс“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста