Надвор од функција e РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО

Од:

Поради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола, соопштија од службата за односи со јавност од Подржницата на Рударско – енергетскиот комбинат „Битола“ при АД ЕСМ.

-Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок, се наведува во соопштението.

Стручни лица од РЕК Битола веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција.

Би можело да ве интересира

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола