Во првите три месеци од годинава Македонија ја посетиле 62.171 странски туристи. Најбројни биле од Србија, Грција, Турција, Бугарија и од Албанија.
Податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал покажуваат зголемување на странските туристи за 9,6 отсто.
Во овој период бројот на домашните туристи изнесува 36.538 и има намалување за 8,4 отсто.
Бројот на ноќевањата на странските туристи во овие три месеци има зголемување за 9,6 осто, а кај домашните туристи намалување за 12,4 отсто
Во март вкупниот број туристи изнесува 36.160, а бројот на ноќевањата изнесува 75 150. Бројот на домашните туристи во однос на март лани е намален за 13,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 8 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,8 проценти.