Над 150 вработени во „Кромберг и Шуберт“

Од:

Еден од најзначајните проекти за развојот на Општина Битола и регионот, најзначајната инвестиција – проектот „Индустриска зона Жабени“ ги донесе очекуваните резултати. Над 150 граѓани веќе работат во фабриката на светски познатиот бренд „Кромберг и Шуберт“, а дел од нив се обучуваат во опремените работилници во  СОУ „Таки Даскало“ во Битола.

– Вкупно 153 наши граѓани се нововработени, тие се примени, дел од нив веќе работат во „Кромберг и Шуберт“, некои од нив се на обуки во други земји, кај другите фабрики на инвеститорот, но последниве 80 новопримени треба да се обучуваат пред да влезат во фабриката за работа со таа најсовремена технологија. Се договоривме да дојдеме овде и да најдеме простор во СОУ Таки Даскало за да се обезбеди обуката, директорот прифати, а обуката се одвива во соработка со Кромберг и Шуберт, изјави градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.

Обуката се спроведува во две смени, а обучувачи се експерти кои ја познаваат технологијата која што се користи во Кромберг и Шуберт. На овој начин, се остварува и соработка на училиштето со фабриката „Кромберг и Шуберт“, што ветува нови придобивки и за училиштето.

– Многу ми беше мило што можевме да излеземе во пресрет на една реномирана фабрика како што е „Кромберг и Шуберт“, моментно обуката се спроведува во просториите на нашето училиште. Во соработка со градоначалникот и Општина Битола излегуваме во пресрет на компанијата. Во натамошниот период сме подготвени да излеземе во пресрет со кадар и простор и за други инвеститори доколку има интерес. „Кромберг и Шуберт“ во интерес на ваквата соработка ќе донира материјали потребни за училиштето, изјави Владимир Трифуновски, директор на СОУ „Таки Даскало“.

Соработката ветува можности и за други институции за кои се очекува перспективно да соработуваат со новите инвеститори. На овој начин се решава и долгогодишниот проблем на транзицијата, невработеноста.

До крајот на март 2013 година во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се очекува да се вработат околу 500 граѓани.

Би можело да ве интересира

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња