Компирите, гравот, краставиците и лимоните најмногу поскапеле на зелените пазари во јануари 2013 во споредба со истиот месец лани. На пазарите на големо, пак, најголемо зголемување на цените е забележано кај компирите, гравот, морковот, кикиритките во зрно и лимоните.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, најголемо намалување на цените на зелените пазари има кај лукот и зелката, а на пазарите на големо кај лукот, зелката и јаболката.