На Словенија не и треба меѓународна помош

Од:

Словенија не е Кипар и нема потреба од меѓународна помош, изјави гувернерот на Централната банка на Словенија, Марко Крањец.

Државата често се спомнува како една од послабите алки на евро зоната, посебно оваа недела, кога на Кипар му е дадена меѓународна помош.

-Словенија не е во позиција да бара меѓународна помош, истакна Крањец и нагласи дека банкарските системи на Кипар и Словенија не може да се споредуваат ниту по големина, ниту по можноста да подлегната на исто решавање.

Според него банкарскиот сектор зафаќа само 40 проценти од бруто домашниот производ на Словенија и дека со проблемите секторот на Словенија може да се справи.

Тој ја повика претседателката на новата влада, Аленка Братушек што поскоро да ги спроведе законите, за помош на банките.

-Ја советувам владата да продолжи со штедење и фискална консолидација , имајќи ги во предвид позитивните и негативните влијанија на економската активност, изјави гувернерот.

Претседателката на владата исто така истакна дека Словенија е во состојба сама да се избори со проблемите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Катерина Ѓуровски

Македонски војници затруени со јаглерод моноксид во Словенија, двајца во болница

Катерина Ѓуровски