МЗШВ: Ниту една институција во Крива Паланка нема да остане без дрва за огрев

Од:

ЈП Македонски шуми, навреме ќе обезбеди дрва за огрев за сите училиштата и другите институции во Крива Паланка, бидејќи подружницата на ЈП Македонски Шуми во Крива Паланка „Шумско Стопанство Осогово“, веќе има доставено документација за учество на јавен повик за снабдување со огревно дрво до општината Крива Паланка, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од МЗШВ истакнуват дека Министерството нема ингеренции да дава наредби поврзани со снабдување со огревно дрво, ниту, пак, да влијае врз тендери за снабдување со огревно дрво.

– Тоа е надлежност на Јавното претпријатие Македонски шуми, а МЗШВ како институција која соработува со ЈП Македонски шуми, е во постојана комуникација со претпријатието, велат од МЗШВ во реакција на обвинувањата од страна на актуелниот градоначалник на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори дека МЗШВ ќе ги остави училиштата во општината без дрва за огрев.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп