МЗШВ: Кон 5.851 млекопроизводител исплатени се 89,4 милиони денари за произведено и предадено млеко во јуни и јули 2021 година

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува млекопроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР ја реализираше исплатата кон млекопроизводителите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јуни и јули 2021 година.

„Според пријавените предадени количини од страна на регистрираните преработувачки капацитети исплатени се вкупно 89.455.245 денари до 5.851 млекопроизводител. Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи“, соопштува МЗШВ.

„Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во изминатиов период изврши исплата кон млекопроизводителите за произведено и предадено млеко за периодот јануари-февруари и март-мај 2021 година. Во наредниот период следува и реализацијата на исплатата за периодот август и септември 2021 година.

Поддршка за млекопроиводителите во висина од 140 милиони денари обезбедивме и со дополнителната мерка во Интервентната програма за поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.

Преку оваа интервентна мерка ги помагаме млекопроизводителите во намалување на трошоците при производство, кој се јавуваат како резултат на светската криза со поскапувањето на репроматеријалите и сточната храна.

Како министерство одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на земјоделците, да имаат помали трошоци, стабилно и квалитетно зголемено домашно производство“, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме