МЗШВ и Кабинетот на Анѓушев ги разгледуваат барањата на стопанските комори

Од:

Прифатени ќе бидат предлозите кои може да се вклопат во петгодишната Национална програма, во законските можности, но и во рамки на буџетот, е одговорот на Министерството за земјоделство во врска со барањата на стопанските комори испратени со допис до МЗШВ и до Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

Истиот став за МИА го потврдуваат и од Кабинетот на Анѓушев. Информираат и дека во координација со ресорното Министерство за земјоделство, но и другите релевантни институци, ќе бидат разгледани барањата на коморите, здруженијата и асоцијациите на земјоделците, како и на индивидуалните земјоделски стопанства, а преку дискусија на сите засегнати страни ќе се донесе оптимално решение.

– Владата во стопанството гледа сериозен партнер за спроведување на политиките, особено на оние кои се однесуваат на економскиот раст и развојот на земјата, поттикнува дискусија и ги разгледува предлозите на бизнис секторот за креирање најсоодветни решенија со кои ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на граѓаните, раст на компаниите и побрз економски раст. Предлозите од коморите ќе се разгледуваат во секторите и работната група за Законот за земјоделство кој е во надлежност на МЗШВ, а предлозите кои можат да се вклопат во петгодишната Национална програма, во законските рамки и во рамките на буџетот, ќе бидат инкорпорирани во законското решение, наведува Кабинетот на вицепремиерот.

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска соопштија дека испратиле допис до МЗШВ и до Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев со барања да се укине скалестиот систем на субвенционирање во земјоделството и да се направата измени на Законот за семенски и саден материјал.

Коморите во дописот укажуваат и дека еден од клучните проблеми е конкурентноста на македонското земјоделско производство. За ова и претходните две прашања, како што наведуваат, нудат конкретни предлог-решенија.

Бизнис заедницата повикува на конструктивен дијалог за заедничко креирање на сите политики за да се избегнат, како што наведува, непоправливите штети врз македонското стопанство од законските решенија во кои не се земени предвид сите релевантни фактори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата