МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции

Од:

Дополнителниот технички министер за земјоделство, Цветан Трипуновски наместо да ги манипулира земјоделците од Свети Николе, дека МЗШВ од т.н “необјаснети причини” не ги продолжил 88 договори за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, треба пред нив да одговори зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за потребата од донесување на измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште. Измени со кој системски ќе се реши правото на аплицирање за субвенции на 200 земјоделски стопанства на кои во периодот на изборен просец ќе им престанат договорите за закуп, велат од МЗШВ.

„Зошто имаат за цел да остават 200 земјоделски стопанства без своите заслужени субвенции? Зошто предложените законски измени сеуште не се разгледани од собраниската комисија за земјоделство? На овој начин се прави директна штета на земјоделците. Вредни земјоделци што мачно работеле и произведувале храна. Луѓе што притоа редовно плаќале на државата закуп за земјоделското земјиште, некој свесно сака да ги остави без заслужените субвенции.

За нештата да бидат појасни, станува збор за договори за закуп, кои истекуваат во период на изборен процес, кога согласно одредбите од Изборниот законик постои забрана за склучување на нови договори за закуп. Како министерство, излеговме во пресрет на земјоделците и уште на 13 февруари извршивме измена на Уредбата за директни плаќања. Измената на Уредбата е во насока да овозможи право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Земјоделците правото на субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште. Дополнително во Собранието пратеничката група на СДСМ по итна постапка предложи измени и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште. Со предложената преодна одредба во членот 3 од предложениот Закон се наметнува обврска за МЗШВ, по службена должност за сите оние закупци, на кои им е истечен договорот за закуп и ќе им истечат во следните 6 месеци, а имаат поднесено барање за продолжување на договорот, по кои барања сеуште постапката не е завршена, да ги врати избришаните површини во ЕРЗС системот на име на овие закупци. Одговорноста за овој проблем си има име и презиме. Тоа се оние пратеници и носители на јавни функции, по чии наредби овој, но и многу други закони, што се во интерес на земјоделците, се блокирани во Собранието. Време е политиката да се тргне настрана од земјоделието“, тврдат од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп