МЖ: Набавката на алкохол е потпишана од претходното раководство, а тој се користи во кушет колите за меѓународен сообраќај

Од:

Железници Транспорт АД-Скопје испрати демант во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за набавката на алкохол во вредност од 24 илјади евра.

„Во врска со наводите изнесени од страна на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Г-дин Јовановски на денешната прес конференција, дека Македонски Железници Транспорт АД-Скопје има објавено тендер за набавка на алкохол во вредност од 24.000,00 евра (дваесет и четири илјади) го даваме следниот демант.

Јавната набавка, која е предмет на денешната прес конференција, е во согласност со годишниот план за Јавни набавки за 2017 година, донесен од претходното раководство на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје. Претходниот Управениот одбор на ден 19.04.2017 година донесе Одлука за набавка бр. 798/1-11 во износ од 24.000,00 евра со пресметан ДДВ. Истата е потпишана од страна на претходниот в.д. претседател на Управен одбор, Игор Коруноски.

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека алкохолните пијалаци за кои станува збор, се употребуваат во кушет колите кои сообраќаат во меѓународниот железнички сообраќај на релација Белград-Скопје-Солун и обратно и истите се продаваат во возовите и од нив Македонски Железници Транспорт АД – Скопје остварува приход.

Продавањето на безалкохолни и алкохолни пијалаци во возовите е пропишано и детално објаснето на страна 33 од Сообраќајно-транспортното упатство, кое секоја година го издава Македонски Железници Транспорт АД – Скопје.

Напоменуваме дека за времетраењето на претходниот Договор за јавна набавка од 09.05.2016 до 09.05.2017 година за набавка на алкохолни пијалаци и кондиторски производи, вкупно се потрошени средства во износ од 64.000,00 денари.

Поради блокадите на железничкиот сообраќај од страна на Р. Србија и Р. Грција, сумата на набавките во 2016/2017 година на овие производи е значително помала од предвидената“ се вели во демантот од Македонски Железници.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули