„Мултипром“ го проширува производството во економска зона „Ограѓа“

Од:

Домашната компанија за кондиторски производи „Мултипром“ го проширува производството со три нови погони. Изградбата на објектите лоцирани во локалната економска зона „Ограѓа“ почна денеска.

Објектите се со површина од по 2.000 метри квадратни, кои се очекува да отворат нови 100 до 150 работни места.

„Мултипром“ во која денес има над 300 вработени е формирана во 1991 година, а од 2005 година стопанисува во Општина Илинден. Од Општината наведуваат дека тоа е една од првите компании со кои почнува инвестицискиот циклус во Општината, која има 6 проценти невработеност.

Спопред сопствениците на компанијата, новите производствени погони треба да бидат готови идната година.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија