МТСП: За некои граѓани членувањето во вториот пензиски столб не е во нивен интерес

Од:

Со писмена реакција Министерството за труд и социјална политика реагира по повод претставките поднесени до Народниот правобранител во врска со пресметката на пониски пензии за тројца граѓани.

„Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, постојано ја следи примената на пензиската реформа, од самиот почетокот на нејзиното функционирање и во континуитет врши анализи и согледување на тоа како таа се имплементира и како влијаат промената на социо-економските фактори, кои што се случија во последните неколку години како што се преминувањето на начинот на пресметка на придонесите од нето на брута плата, намалувањето на стапката на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување и друго.

Покрај постојните законски одредби кои се гаранција за сведување на минимум на можноста во втор столб да влезат лица за кои е неповолно да бидат членови на втор столб, беа преземени и некои конкретни мерки од институциите на системот за заштита на членовите на пензиските фондови. Имено, по започнувањето со имплементацијата на вториот столб во 2007 година беше направена анализа и се утврди дека за некои осигуреници кои доброволно се зачлениле во втор столб не е поволно да бидат во втор столб имајќи ја предвид нивната возраст и стаж. Од страна на МАПАС овие лица се контактирани со цел да им се укаже дека нивното членство во втор столб не е во нивен интерес и уште еднаш да ја разгледаат нивната одука за тоа дали остануваат членови на задолжителниот пензиски фонд.

Но, и покрај сите мерки кои досега се преземени во насока на заштита на интересите на членовите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, постојат и категорија на осигуреници (особено на повозрасна категорија) чие зачленување во вториот пензиски столб не е во нивен интерес.

Во изминатиот период ова прашање е разгледано на ниво на работна група составена од претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и двете пензиски друштва. Направени се анализи и врз основа на истите Министерството за труд и социјална политика ќе подготви предлог измени на повеќе закони и тоа: Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капиталното финансирано пензиско осигурување.“ стои во реакцијата на министерството.

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Кривична пријава против три лица од Тетово, меѓу нив и директор на ПИОМ

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Кривична за поранешен директор на Фондот за ПИОМ: Исплаќал плати на луѓе кои не доаѓале на работа

Горан Наумовски