МТСП: Мерките даваат можност за вработување на невработените лица

Од:

Министерството за труд и социјална политика реагира на прес-конференцијата и на обвинувањата на ВМРО-Народна партија.

Програмата – Поддршка за самовработување со грант се спроведува од 2007 година и истата се реализира со 100 процентна успешност, велат од Министерството за труд и социјална политика .

„ Во 2010 година, за 700 планирани и реализирани вработувања, аплицирале 2.590 лица, а во 2011 година аплицирале 1.899 лица за 700 планирани вработувања. Според Меѓународната организација на трудот, Програма за самовработување на Македонија е прогласена како трета најуспешна по квалитет програма за регионите во централна Азија и Европа. Овие податоци јасно покажуваат дека мерките и политиките коишто ги спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување се адекватни на потребите на пазарот на труд, односно дека даваат можност за вработување на невработените лица, кои јасно ја препознаа реалната можност за реализација на сопственото вработување “, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто