Мрзнење има, се советуваат лозарите како да ја обават резидбата

Од:

Мрзнење кај виновите лози има, тоа се движи од триесетина, па се до околу сто проценти, зависно од сортите и локациите на кои се наоѓаат лозовите насади. За ова денеска информираше Драганчо Николов, советник во работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.

– Завршија согледувањата на терен. Мрзнењето е најголемо кај понеотпорните сорти на грозје како десертните „кардинал” и „афусали” и винските „вранец” и „смедеревка”, кои се наоѓаат во низините и покрај реките Црна и Луда Мара, појасни Николов.

Тој соопшти дека веќе отпочнале со советувања за лозарите, околу тоа како да ја обавуваат резидбата во услови на мрзнење кај виновите лози.

– Кај подебелите прачки мрзнењето е поголемо. Затоа им препорачуваме на производителите на грозје да внимаваат и да оставаат потенки прачки за ластари. Догодина ќе нема последици од ова мрзнење, освен во лозјата каде измрзнувањето е стопроцентно. Таму ќе треба да се формира ново стебло, додаде Николов.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за лозарите

Ана Ололовска

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Ковачевски: Постигнато историско зголемување на откупната цена за грозјето од 30%, земјоделството е приоритет во време на криза

Ана Ололовска

Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

Ана Ололовска

Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето

Ана Ололовска