Москва, Ријад и ОПЕК

Од:

Форбс – Вашингтон

Само неколку седмици пред средбата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), закажана за 2 јули, човекот број еден во нафтената индустрија на Русија, даде изјава која може да биде сфатена како своевидно надгробно слово за ОПЕК. Во интервју за агенцијата Ројтерс, кое беше објавено на 10 мај, претседателот на советот на директорите на Роснефт, Игор Сечин, рече дека ОПЕК „во пракса претстанала да постои како единствена организација“. Уште попесимистичко мислење, ако не и фаталистичко, беше изјавата која прозвуче на средбата на ОПЕК на 5 мај, и која гласеше дека „ОПЕК е мртва“.

Според Сечин, светскиот нафтен пазар во моментов се управува од неколку фактори, како што се финансите, технологиите, државното регулирање и производството на нафта од шкрилци во САД, и сето тоа „ја исклучува можноста за кој и да е картел да ја диктира својата воља на пазарот“. Овие зборови на Сечин се како ехо на неговата изјава дадена во октомври минатата година, дека САД имаа можност „да влијаат на развојот на конкурентен нафтен пазар“ и дека „среднорочните перспективи на светкиот нафтен пазар ќе се определуваат од пазарот во САД“. Сечин го потсети собеседникот дека тој (и Роснефт) од самиот почеток се однесувале скептички кон „замрзнувањето на производството на нафта“ и засега не се исцртува можност ОПЕК да дејствува колективно.

Кон таквата гледна точка се согласува и претставникот на Саудиска Арабија во ОПЕК, Мохамед ал Мади, кој изјави дека земјите од ОПЕК и земјите надвор од та организација треба „сериозно да се однесуваат кон неодамна воведените промени на пазарот“ и да признаат дека сега тој преживува структурни промени станувајќи „поконкурентен, а не толку монополистички“.

Коментарите на претставникот од Саудиска Арабија упатуваат дека веројатноста од договорена интервенција се намалува со секој изминат ден, особено ако се има предвид дека големите производители сега водат жестока борба за дел од глобалниот нафтен пазар, и дека барањето и предлозите во еден или друг степен ќе се избалансираат кон крајот на 2016 или во првата половина од 2017 година.

Во едно можеме да бидеме сигурни, а тоа е дека сега постои многу слаба веројатност да бидеме сведоци на противречни сигнали од министерот за нафта на Саудиска Арабија и од вториот престолонаследник принцот Мохамед ибн Салман, слични на изјавите кои доведоа до несупех на преговорите во Доха во април. На 7 мај во Саудиска Арабија беа направени сериозни промени во владата, и министерот за нафта и минерални ресурси, Али ибн Ибрахим ал Нуејми беше отстранет од таа позиција, која му беше дадена на Халид ал Фалих, раководителот на саудискиот нафтен гигант Арамко. Таа смена н караулата е дел од амбициозната програма за преструктуирање, позната како „Саудиска визија 2030“, зад која стои принцот Мохамед ибн Салман. Имено, неговата интервенција доведе до неуспех на преговорите во Доха: тој постави ултиматум изјавувајќи дека Саудиска Арабија ќе го замрзне нивото на призводство на нафта, само ако Иран го стори истото.
Сауидиска Арабија свесно се обидуваше да ја истурка Русија во втор план, за да ја спречи во иднина да учествува во процесот на донесување одлуки во ОПЕК. Рускиот министер за енерегетика, Александер Новак, не доби писмена покана за јунската средба. Новак има немар да ги одржи контактите со ОПЕК и со Саудиска Арабија, но засега не планира да се сретне или разговара со новиот саудиски министер за нафта. Според Новак, не се предвидени понатамошни преговори по прашањето за замрзнувањето на производството на нафта, затоа што пазарот се стабилизирал.

Разногласијата кои произлегоа од преговорите во Доха меѓу Саудиска Арабија и Русија заради Иран, станаа сериозен проблем кој долго време ќе претставува негативно влијание врз соработката меѓу тие земји во областа на енергетиката. И покрај тврдењата на Ријад дека неговата политика во областа на производството на нафта целосно е определена од пазарот, резултатите од преговорите во Доха беа последица од геополитички и геоекономски настани поврзани со Иран, а ниту од далеку не од технократски разидувања за тоа како да се дејствува во новите пазарни услови. Тешко дека во блиска иднина ќе се обноват преговорите на министерско ниво помеѓу Москва и Ријад во врска со ситуацијата на глобалниот нафтен пазар.

Само што дури и тоа да се случи, тие контакти тешко дека ќе го имаат истото ниво на соработка, кое се забележуваше во периодото на „замрзнувањето на производството“ во последните неколку месеци.
Во меѓувреме, Иран продолжува да го зголемува обемот на производство и извозот побрзо отколку што се очекуваше, обидувајќи се да си го поврати изгубениот удел на пазарот.

Во април, обемот на производство на нафта во Иран достигна 3,66 милиони барели дневно, а обемот на извоз до два милиони барели дневно, кое е највисокото ниво од 2011 година. На 6 мај, Мохсен Камсари, директорот за меѓународни односи во државната компанија Нешенел ираниан оил компани, изјави дека обемот на производство на нафта во Иран го достигнал нивото кое е доволно за да може земјата да се присоедини кон иницијативата за замрзнување на производството. Но на 9 мај, иранскиот министер за нафта, Биџан Намдар Зангане недвосмислено го поправи и отворено најави дека Иран не е подготвен да го замрзне производството, додека тоа не достигне ниво на производство од четири милиони барели дневно.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот