Московиси: Можен е договор меѓу еврозоната и Грција

Од:

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави дека на денешната средба на Евогрупата можно е да биде постигнат договор меѓу еврозоната и Грција за продолжување на програмата за финансирање на Атина.

– Ќе има дискусија, која знам дека ќе биде тежок, но уверен сум дека ќе заврши успешно, изјави Московиси пред почетокот на средбата на министрите за финансии на еврозоната.

Московиси оцени дека ако „постои капацитет и желба, можно е да има и резултати“, отфрлајќи ги како неточни информациите дека се подготвува нова програма за помош на Грција.

– Одговорноста и солидарноста се принципите врз кои ќе работиме со цел да се постигне договор и да се продолжи кон нова фаза меѓу Грција и нејзините партнери, изјави Московиси.

Според него, Еврокомисијата работи само на едно сценарио, како да се постигне добар договор со кој ќе се отвори патот за нова фаза во односите на двете страни.

Тој исто така, истакна дека ова е решавачка средба и за Грција и за еврозоната, со заедничка основа, а тоа е желбата на сите Грција да остане во еврозоната.

Московиси додаде дека од суштинско значење е Грција да ги почитува своите обврски, имајќи предвид дека во последните години еврозоната покажа солидарност кон Атина, со програмата која комесарот не сакаше да карактеризира како програма за штедење.

– Во Грција има нова Влада, која бара одредени промени кои ќе мора да ги разгледаме, како што се социјалните програми, поефикасна наплата на даноците и многу реформи од заеднички интерес, истакна тој.

Московиси нагласи дека целта на денешната средба на Еврогрупата е да се најде начин за краткорочно финансирање на Грција, откако актуелната програма за помош ќе заврши на 28 февруари.

ЕУ инсистира на продолжување на сегашниот план за помош на Грција, што би значело и продолжување на спроведувањето на строгите мерки на штедење и реформи од страна на Атина, додека новата грчка Влада сака ставање крај на програмата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он