Московиси: Денеска ќе одлучиме дали ќе се преговара за нов пакет помош за Грција

Од:

Денешната средба на Еврогрупата е многу важна, затоа што треба да одлучиме дали ќе продолжат преговорите за нов пакет за поддршка за Грција, изјави европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси по пристигнувањето на состанокот на Еврогрупата во Брисел.

– Ќе испитаме дали тоа може да се направи, рече Московиси, додавајќи дека Еврогрупата очекува од грчката страна да претстави комплетни, специфични и веродостојни предлози за да може да почне нова програма.

– „Грекзит“ би бил ужасен неуспех, истакна францускиот комесар и додаде дека грчките власти треба да објаснат како тие сакаат да се дејствува за да се избегне најлошото сценарио, кое Комисијата не го сака.

Тој, исто така, изјави дека „постојат повеќе од една причина за договор“ и ги повика сите страни да ги остават настрана политичките игри затоа што тоа е во корист на Грција и на еврозоната.

Според Московиси, можни се технички решенија, но топката е на грчка страна и Грција треба да каже што сака.

– Згора на се, предлозите на новиот грчки министер за финансии Цакалатос мора да бидат конкретни и ефикасни, рече Московиси.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент