ММФ: Возраста за пензионирање да се доведе во согласност со земјите од ЕУ

Од:

Од Меѓународниот монетарен фонд истакнаа дека потребно е возраста за пензионирање да се доведе во согласност со земјите од ЕУ за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Македонија да биде одржлив.

– Имате дефицит во пензискиот фонд од 4,5 проценти, но со оглед на тоа дека населението старее се очекува овој процент да се зголеми до 10,5. Ова, секако не е одржливо и нешто мора да се смени. Ако ги гледаме придонесите што се плаќаат за пензиско осигурување и возраста на која се пензионираат луѓето, тие се пониски во однос на земјите од ЕУ и пензискиот фонд за да биде одржлив потребно е возраста на пензионирање да се доведе во согласност со земјите од ЕУ, изјави денеска во Скопје шефот на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Џасмин Рахман.

Таа смета дека треба да се врши усоглсаување на пензиите само според инвлацијата, а не по 50 отсто според трошоците на живот и платите. Рахман изјави дека треба да се затворат и дупките во законите што озвоможуваат чести пензионирања на помлади лица.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели