ММФ се враќа во Атина во јануари

Од:

Меѓународниот монетарен фонд останува на своите планови за Грција и покрај претседателските избори кои би можеле да доведат до предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Атина.

– Фондот ќе продолжи да ја проверува програмата која Грција ја презеде како обврска во договорот со ММФ, Европската централна банка и ЕУ, за да утврди дали Атина ги извршува своите цели во областа на реформата и на буџетот, без разлика каков ќе биде исходот од претседателските избори на 17 декември, изјави портпаролот на ММФ Вилијам Мареј.

Претседателските избори требаше да се одржат во февруари, но беа презакажани за декември. Овие избори се сметаат за тест за премиерот Андонис Самарас, кој ќе биде принуден да организира предвремени парламентарни избори, ако не биде избран неговиот кандидат, Ставрос Димас.

– Наш приоритет во моментов е завршување на ревизијата на шестата транша од заемот, за да се увериме дека Грција може да продолжи да создава основни услови за траен раст, да создава работни места и да ги извршува своите цели во рамките на сегашната програма на ММФ , рече Мареј.

Официјална Атина тврди дека планира да излезе од сегашната програма за поддршка од ММФ, која е дел од спасувачкиот план, спроведен од тројката. На тој начин Атина сака да покаже дека може да се врати на финансиските пазари.

Вилијам Мареј прецизира дека грчката Влада уште не побарала официјално трансформирање на кредитната линија во „превентивна“ линија, но оти се очекува иницијатива во тој правец, и оти преговорите ќе почнат во јануари, без разлика каква е политичката ситуација во земјата.

Тој прецизира дека ММФ ќе испрати мисија во Грција во јануари и се додека кредитната линија за Грција да стане „безбедна“, Фондот ќе продолжи да ја обврзува со барања за реформи.

Би можело да ве интересира

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција