ММФ предупредува на тешки последици од излегувањето на Британија од ЕУ

Од:

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе предизвика  огромна штета во регионот и во светот- предупреди денеска Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) во својата најнова прогноза.

Во прогнозата на ММФ се вели дека Брегзит може да ги поремети веќе воспоставените трговски односи и да создаде дополнителни „големи предизвици„ за Велика Британија, но и за остатокот од Европа.

ММФ предупредува дека референдумот, закажан за 23 јуни, веќе има создадено неизвеност во инвестирањето, додека евентуалното изгласување  за напуштање на Унијата, само ќе ги влоши состојбите.

Активистите од кампањата за излегување од ЕУ, во најголем број евроскептици од владеачките конзерватвци, како и од антиевропската Партија за независност на Обединетото Кралство, ги отфрлаат прогнозите и предупредувањето на ММФ, дисквалификувајќи ги неговите позиции како „ставови на кои не би требало да им се верува„.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, во првата реакција, меѓутоа, се согласува со оцемките на ММФ.

„Фондот е во право, затоа што напуштањето на ЕУ претставува голем ризик за Британија.Ние сме посилни, побезедни и подобри кога сме дел од Унијата„- напиша Камерон на својата страница на Твитер.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели