ММФ одобри исплата на 78 милиони долари за БиХ

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри на БиХ исплата од 78 милиони долари, нагласувајќи дека оваа земја ги исполнила повеќето услови поврзани за „стенд бај“ договорот, склучен во септември со оваа финансиска институција.

– Програмата која ја поддржува Фондот и понатаму претставува котва на економската политика во време на проблеми во земјата и надвор од неа, изјави заменик управниот директор на ММФ Минуш Шафик.

ММФ, исто така, на БиХ и прости што не ја исполнила целта на фискалниот дефицит до крајот на септември, иако не е прецизирано колку точно била целта. Фондот претходно барал буџетскиот дефицит, кој ги вклучува централните и регионалните буџети, да не надминува 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Исплатата на траншата од кредитот зависела од донесувањето на буџетот за 2013 година, што е завршено порано овој месец.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина