ММФ одобри 833 милион долари помош за Ирак

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека дал првична согласност за планот за помош за Ирак, вреден 833 милиони долари, кои би биле искористени за надминување на економските последици од конфликтот со џихадистичката група Исламска држава.

– ММФ е подготвен да го поддржи Ирак во напорите да се справи со економските последици од конфликтот со ИД и од глобалниот пад на цените на нафтата, соопшти Фондот.

Според ММФ, судирите претставуваат закана за ресурсите, нанесуваат штети на инфраструктурата и приватиот скетор и предизвикуваат хуманитарна трагедија.

– За да и помогне на земјата, ММФ даде зелено светло за планот за помош од 833 милиони долари, кој треба да биде одобрен од страна на земјите-членки (на Фондот) во текот на јули, се наведува во соопштението.

Според предвидувањата на Фондот, во текот на 2015 ирачката економија ќе забележи раст од 0,5 проценти, по ланската рецесија од 2,1 отсто.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак