ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. Народната банка, според ММФ, соодветно пристапи и кон постепено и внимателно олабавување на монетарната политика, следејќи ги економските услови и анализи.

ММФ препорачува Народната банка да продолжи со претпазливата монетарна политика сѐ додека не се потврди постојан и одржлив пад на инфлацијата. Доколку некои од домашните ризици се остварат, се посочува дека Народната банка треба да е подготвена за повторно затегнување на монетарната политика, вклучително и преку управување со ликвидноста со расположливите инструменти, како што е задолжителната резерва.

Во областа на финансиската стабилност, ММФ позитивно го оценува воведувањето на макропрудентните мерки како што се ограничувањата на односот заем ‒ вредност и долг ‒ доход, коишто веќе придонесуваат за намалување на ризиците на пазарот на недвижности и за заштита од прекумерно задолжување. Поддржано е и постепеното зголемување на контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и дополнителните капитални барања, со цел да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, а во согласност и со европската регулатива.

ММФ ја нагласува огромната важност на зачувувањето на независноста на централната банка, како основа за стабилност на цените, девизниот курс и финансискиот систем.

Народната банка и натаму ќе биде целосно посветена на својата мисија – одржување на ценовната и финансиската стабилност и поддршка на долгорочната економска отпорност.

Би можело да ве интересира

Примопредавање на функцијата гувернер на Народната банка

Славески: Централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а една од нив е поддршка на политиките на Владата

Гувернерското место на Трајко Славески пред пратениците

Катерина Ѓуровски

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај

Славески за гувернер е погребување на последната независна институција, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Во април: Годишен раст од 11,6% на вкупните депозити и од 11,8% на вкупната кредитна поддршка