Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најави дека ќе додели дополнителни 150 милиони долари помош за справување со еболата во Либерија, Сиера Леоне и Гвинја, каде досега оваа болест однесе над 8.000 жртви.
Претставникот на ММФ во Либерија, Чарлс Амо Јарти изјави дека Фондот подготвува нова програма за помош на трите земји, кои вклучуваат и исплата на дополнителни средства.
Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), во овие три западноафрикански држави од ебола се заболени 20.656 лица, од кои досега починале 8.153.
Најголем раст на смртни случаи од ебола е регистриран во Сиера Леоне, каде од почетокот на годината починале 88 лица инфицирани со вирусот на оваа заразна болест.