ММФ: Може да се наложи отпишување на дел од долгот на Грција и нови кредити од околу 52 милијарди евра

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека може да биде неопходно отпишување на дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа поради натамошното слабеење на структурните реформи и пад на првичниот буџетски дефицит, се наведува во извештај на Фондот, јави ТАСС.

Фондот ја намали прогнозата за растот на Грција од 2,5 на нула проценти во 2015 година, истакнувајќи дека земјата има потреба од нова помош од 36 милијарди евра од ЕУ во наредните три години, дури и да го одобри планот на кредиторите.

Вкупните финансиски потреби на земјата се зголемиле поради големи политички промени во Атина и се проценуваат на вкупно 50 милијарди евра до 2018 година, наведува ММФ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он