ММФ ќе ја испитува улогата на развиените земји во корупцијата

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја преиспита улогата на развиените земји во корупцијата, ќе го процени економското влијание на слабото управување и ќе даде политички препораки.

ММФ соопшти дека истовремено ќе го заостри следењето на корупцијата во земјите на кои дава заеми.

– Во рамки на ревидираниот систем за управување ширум светот, ММФ ќе ги оцени областите како што се управување со буџетот, надзорот врз финансискиот сектор, контроли на централните банки, пазарната регулатива и владеењето на правото, се наведува во соопштението на организацијата.

Директорката на ММФ Кристин Лагард, на нејзиниот блог посочи дека средствата што се добиени преку корупција најчесто се кријат надвор од земјата и тоа често во финансиските сектори на големите метрополи.

– Сосема е можно една земја да има „чисти раце“ дома, но „валкани“ во странство, истакна Лагард.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели