ММФ ја критикува Франција поради јавниот дефицит

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја критикуваше Франција поради дефицитот и приватниот долг и ја стави во групата на четирите „лоши ученици“ на Г-20, заедно со САД, Шпанија и Индија.

Франција доби и трет „црвен картон“ поради економската политика, по најновиот извештај на ММФ во кој пред се се критикува поради високиот јавен дефицит.

На вчера отворениот самит на европски министри во Вилнус, ЕК и Европската централна банка упатија критики до францускиот министер за финансии Пјер Московиси поради незадоволувачката економска политика, објави „Фигаро“.

Во извештајот на ММФ, САД, Шпанија, Франција и Индија се наведуваат како примери на земји со огромни макроекономски неурамнотежености и тоа во три категории – буџетски и трговски дефицити и приватни долгови.

Во извештајот на ММФ, Париз уште еднаш се повикува да ја намали потрошувачката и да ги забрза структурните реформи.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски