ММФ: Грчкиот државен долг е целосно неодржлив

Од:

Државниот долг на Грција е неодржлив и ќе остане таков, дури и во случај земјата да ги спроведе сите преземени обврски од програмата за спас усогласена со странските кредитори, смета Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Фондот во својот извшетај за состојбата во Грција, чии делови пренесува атинскиотм весни „Имерсија“, наведува дека грчкиот долг ќе остане неодржлив и покрај краткорочните мерки за негово намалување.

Извештајот, кој го изработи експертски тим на Мисијата на ММФ во Атина, се очекува да биде разгледуван денеска на седница на Фондот посветен на програмата за спас на Грција.

Во документот се оценува дека за да може Грција да ги оствари заштедите што од неа ги бараат нејзините европски партнери, Владата во Атина ќе мора да преземе дополнителни мерки на штедење, кои вклучуваат и ново намалување на платите во државниот сектор и на пензиите.

Фондот смета дека грчкиот долг е целосно неодржлив, па затоа тој не би можел да учествува во исплатата на нови кредити на Грција, освен во случај да бидат утврдени посебни услови, кои би опфатиле поголем отпис на долгот од страна на европските кредитори и спроведување на дополнителни мерки на штедење.

ММФ бара и пролонгирање на роковите за отпата на кредитите ма Грција до 2070 година.

Во извештајот се оценува дека поставената цел буџетскиот суфицит на Грција по завршувањето на сегашната програма за спас во 2018 година, да изнесува 3,5 отсто од БДП е неостваралива, прогнозирајќи дека тој ќе се движи меѓу еден и 1,5 проценти.

Грчката Влада од своја страна уште претходно најави дека нема да прифати воведување нови мерки на штедење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он