Меѓународниот монетарен фонд ги зачува денеска непроменети своите прогнози за светската економија во оваа и следната година, иако преразгледува зголемувањето на очекувањата за еврозоната и Кина.
Во својот извештај „Светски економски прогнози“, ММФ наведува дека растот на светскиот бруто внатрешен производ ќе биде 3,5 проценти во 2017 и 3,6 проценти во 2018 година. Последната прогноза беше објавена во април.
Преразгледана беше прогнозата за САД, каде се очекува раст од 2,1 отсто оваа и следната година, што е многу под трите проценти очекувани од Владата на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Прогнозите за оваа година беа преразгледани кон зголемување во многу земји од еврозоната, вклучувајќи ги Германија, Шпанија, Франција и Италија, каде растот во првото тромесечие од годинава ги надмина очекувањата, благодарение на внатрешната побарувачка која беше поголема од очекуваното, смета ММФ.
За Кина, исто така, се зголемени прогнозите, соодветно 6,7 отсто оваа година и 6,4 проценти во 2018 година.