ММФ ги повика земјите од еврозоната да почнат преговори со Грција за ублажување на нејзиниот долг

Од:

Меѓународниот монетарен фонд ги повика владите од еврозоната да започнат преговори со економски разнишаната Грција за ублажување на нејзиниот долг, потврди за германската агенција ДПА портпаролот на ММФ.

Тој соопшти дека писмо со ваква содржина било испратено од шефицата на ММФ Кристин Лагард до министрите од 19-те земји од еврозоната. Лагард пишува дека олеснувањето на долгот треба веднаш да биде ставено на маса. Во спротивно продолжувањето на учеството на ММФ во третата спасувачка програма за Грција е се става под сомнеж.

Атина и нејзините меѓународни кредитори со месеци се обидуваат да се договорат за структурни реформи и мерки за штедење, што ќе овозможи на речиси банкротираната грчка влада да продолжи да добива финансиска помош. Расте и загриженоста дека Грција повторно е на работ на банкрот. Министрите за финансии од еврозоната ќе имаат специјална средба во понеделник попладне за да се информираат за напредокот во преговорите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он